Дали стоите на страната на стравот или на страната на вашите соништа и цели?
Познавам многу жени - клиентки, пријателки - кои остануваат во зоната на просечност, не заради тоа што не се подготвени, или немаат способности, туку заради тоа што не ја знаат својата брилијантност. При тие средби споделуваат визии за нивниот живот, даваат предлози и раскажуваат како би сакале нешто да биде подобро, да изгледа подобро, да функционира подобро, но кога ќе дојдеме до дефинирање на макар и најмали акции, се повлекуваат. Остануваат во зоната на својата сигурност, зоната на просечност.
Тоа што остануваме во зоната на просечност не му служи никому. Што значи “зоната на просечност”? Најчесто значи дека се плашиме да бидеме “видени”. Значи дека не правам исчекор и не го покажувам моето присуство. Значи дека седам на моите желби и аспирации и чекам да ме најдат. Значи дека чекам другите да ме дефинираат која сум. И значи дека одам по добро разгазен пат, наместо да трасирам своја нова патека. Секогаш одново и одново го слушам нивниот одговор на тоа – “Не сум спремна сеуште за тој следен чекор..”, “Mи треба уште малку искуство..тренинг, дополнително образование”, “Да размислам малку повеќе за тоа, да истражам..” и слично.
Ние некако веруваме во лагата дека треба да се чувствуваме спремни за да направиме промена, дека во еден момент ќе имаме храброст, дека во еден момент ќе имаме самодоверба. Самодовербата не претставува критичен елемент кој жената треба да го пронајде, туку здрави и продуктивни стратегии за поврзување со сомнежот во себе.
Сомнежот во самите себеси е проблем, но самодовербата не е “противотров”, туку поврзување со сопствениот сомнеж на нов начин. Да го слушнете, да бидете свесни за него, но да не ги следите неговите насоки. Самодовербата не е одговор. Дотолку повеќе што сметам дека е опасна идеја која ја шириме. Кажувајќи им дека самодовербата е одговор предизвикува чувство на недостаток на критична состојка и дека треба да најдат самодоверба, а никој од нас не може да го направи тој избор. Не функционира на тој начин, но она што можеме да го направиме е да научиме да го препознаваме, да научиме да управуваме со тој внатрешен дијалог.
Верувајте ми. Јас сум ВИЕ.
Но ова е тоа што го открив:
· Да знаете што треба да правите никогаш нема да биде доволно.
· Да знаете зошто треба да го направите никогаш нема да биде доволно.
Па она што ни е потребно е нешто што ќе не зајакне и доведе во состојба на акција. Бидејќи ако седите и чекате да дојде вистинскиот момент, вистинската самодоверба и мотивација, нема да дојдат. Доколку не направиме интерни промени, ќе се разбудиме една година од сега и ќе бидеме на истото место.
Повеќето од нас не се охрабруваме природно, поттикнати сами од себе, без никаква подршка. Нашето досегашно искуство покажува дека ни се потребни алатки, подршка – процес кој ни помага на тој пат.
Токму затоа Програмата за “Автентично Женско Лидерство”. Дизајнирана според методологија на Тара Мор – експерт за женско лидерство, содржи стратегии и алатки кои и помагаат на жената да ги управува сопствените стравови и сомнежи, да се ослободи од перфекционизмот, претераното планирање и да го прегрне стравот кој доаѓа со можностите. Програмата е повик до сите жени да престанат да се стопираат и да почнат да се впуштаат кон нивните најголеми желби и аспирации, што и да претставува тоа за секоја од нив во овој момент.
Повеќе информации за програмата можете да најдете на следниот линк:
http://sensum.mk/avtenticno-zensko-liderstvo/
Како знаеме дека сме заглавени во зоната на просечност?
Поставете си ги следните прашања: Дали чувствувам внатрешен немир? Дали постои внатрешно незадоволство кое ви кажува дека нешто не е во ред...дека мора да постои нешто повеќе? Како реагирам на другите кои превземаат похрабри чекори и акции? Дали им се восхитувам? Дали ги презирам? Дали им завидувам? Дали се грижам повеќе за тоа што другите мислат за мене отколку за тоа дали ги живеам моите желби и аспирации? Дали знам што навистина ми е важно мене и дали живеам во согласност со тоа? Кога последен пат чувствував наплив на адреналин и возбуда?
Посветување на време за рефлексија околу одговорите на овие прашања може да биде првиот чекор за да откриете каде сте сега. Еднаш штом ќе ги препознаете областите во вашиот живот каде што сакате да направите промена, ќе се појават вистинските луѓе и можности.
Зорица Поповска
Основач, професионален тренер и коуч-СЕНСУМ тренинг и коучинг компанија