Дали вашето дете пати: 4 знаци дека му недостасува внимание од родителите

Децата на свој начин го покажуваат недостатокот на внимание. Проверете дали и на вашето дете му недостасува внимание од вас како родители.

Родителите треба да ги препознаат знаците кај детето и да изреагираат на вистинскиот начин доколку на децата им недостасува внимание.

Детето често е непослушно. Тоа можеби укажува дека се чувствува игнорирано. Времето на подот ќе му покаже дека не треба да се однесува непослушно или агресивно за да биде видливо во семејството. Додека сте со детето, тоа ќе сфати дека се грижите за него, а вие можеби ќе ја откриете вистинската причина за таквото однесување.

Детето често плаче или постојано е со родителите. Ова може да укажува на неговата несигурност. Секој ден, половина час апсолутно внимание ќе го убеди детето дека е сакано и безбедно во кругот на своето семејство и тоа ќе му помогне да си ја врати самодовербата.

Детето честопати ве удира, вреска или покажува други знаци на лутина. Преку игри со преправање или разговор, тоа ќе научи дека постојат посоодветни начини да се изрази лутината.

Детето потешко се справува со нови ситуации, на пример кога ќе тргне во градинка / училиште, се сели од собата на родителите во неговата соба и слично. Процесот на растење понекогаш е навистина тежок затоа што му поставува тешки задачи на детето. Ваквите предизвици може да го натераат да се сомнева во сопствените способности. Помошта на родителите, еден на еден, ќе му овозможи на детето да се опушти и да ја добие потребната самодоверба.


Извор: prva.rs