Дали вашето дете пие премногу вода: Прекумерната жед и честото мокрење може да бидат знаци за два сериозни здравствени проблеми

Ако вашето дете пие премногу вода и често оди во тоалет, посетете го вашиот педијатар

Често постои проблем што децата пијат помалку вода отколку што треба, но што всушност се случува ако пијат многу? Прекумерната жед и зголеменото мокрење може да бидат знаци за одредени здравствени проблеми, предупредуваат педијатрите.

Зголемената жед кај детето може да биде симптом на дијабетес. Дијабетесот е најчеста ендокрина болест во детството. Тоа е хронично заболување и се јавува кога телото или не го произведува хормонот на панкреасот инсулин или не го користи правилно. Инсулинот го контролира нивото на шеќер или гликоза во крвта и количината на шеќер што се апсорбира во клетките. Бидејќи мозокот користи само гликоза, потребно е нивото на шеќер да се одржува на задоволителен минимум. Зголемената жед и честото мокрење се едни од првите симптоми кои родителите ги препознаваат кога нивното дете има дијабетес.

Покрај дијабетесот, прекумерната жед кај детето може да укажува на таканаречениот централен дијабетес инсипидус. Тоа може да биде и симптом на тумори на мозокот кај децата, според „The Brain Tumor Charity“.

Настанува затоа што туморот понекогаш ги нарушува хормоните кои се лачат од хипофизата во мозокот. Поради ова нарушување, телото не може да задржи доволно урина, па испушта премногу вода, што доведува до прекумерна жед.

Извор: yumama.rs