ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ: Ништо не ми е поважно од синот
Даниел Кајмакоски ужива во игрите со својот син, Михаил, кој во февруари наполни една година. На својот инстаграм профил, Даниел објави слика од него и од синот во игротека, на која тој го забавува стоејќи на глава.
„ Среќен празник на татковците на сите татковци“, напиша Даниел под сликата.
„ Давид е прекрасен. Тој е многу мило и слатко дете, секогаш насмеано. Дај боже цел живот да е така. Навистина сме благословени со него. Фала му на Бога, досега не видовме никаква родителска мака. Сè уште не знаеме какви се тие недоспиени ноќи. Можеби второто дете ќе ни наплати за сè. Само нека се живи и здрави, тогаш сме и ние среќни“, изјави Даниел во интервју за Женски магазин.
Нема ништо поубаво од сопственото дете. Сè друго е минливо, сè друго станува неважно.- Даниел со синот и со сопругата во Струга
„ Научив дека нема ништо поубаво од сопственото дете. Нема ништо поважно на светот. Сè друго е минливо, сè друго станува неважно. Да бидеш родител е привилегија која треба да се почитува. Му благодарам на Господ за ова искуство. Како што веќе имам кажано, не си богат дури не добиеш нешто кое не можеш да го купиш со пари“, додаде Кајмакоски.
Тој често, на социјалните мрежи споделува среќни семејни моменти со синот и со сопругата, поранешната манекенка Кристина Димитријевска. Даниел вели дека планирано направил пауза од музиката, бидејќи не сакал да пропушти ниту еден миг од искуството да бидеш татко. Тој најави дека ќе и се оддолжи на својата публика со нови песни.