Дарко Лазиќ ќе стане татко по трет пат: Сопругата го покажа трудничкото стомаче - Парот организираше прослава во тајност

Добивај вести на Viber

Популарниот фолк пејач Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ  објавија среќна вест. Двајцата го очекуваат своето прво заедничко дете. Го дознале полот на детето и одржале прослава во родниот Брестач на Лазиќ. Катарина утрово објави емотивна фотографија. Таа на фотографијата го гушка Дарко и не ја крие насмевката на лицето.

- Добро утро - напиша Катарина.

Катарина сподели и фотографија од бремениот стомак.

View this post on Instagram

A post shared by Kristina Stojanović (@kristinas_photo_studio)

Потсетуваме дека вчера по радосната вест и двајцата дадоа изјави.

- Конечно ги имаме резултатите и дознавме дека чекаме бебе и дека се е во ред, па радосната вест може да ја споделиме со вас како што ветивме. Пресреќен сум што ќе станам татко - изјави Дарко за „Блиц“, додека Катарина со насмевка на лицето додаде:

- Мислам дека сè уште не сум свесна дека ќе станам мајка, претпоставувам затоа што сè уште немам стомак, но пресреќен сум што нашето семејство добива уште еден член, како круна на нашата љубов.

На Дарко ова ќе му биде трето дете. Имено, тој веќе ја има ќерката Лорена, која ја доби во брак со Ана Севиќ, додека синот Алексеј со Марина Гагиќ.

Фото: Инстаграм
Извор: Republika.rs