Дарко Лазиќ стана татко: Неговиот син доби едно од најпопуларните имиња!

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата вереница Марина Гагиќ, денеска во раните утрински часови станаа родители на малиот Алексеј. Марина се породи во 7 часот и 15 минути, а пресреќниот татко веднаш ја сподели својата среќа со сите.

„Драга наша фамилијо, наши кумови, пријатели и познаници, денес во 07:15 часот на овој свет дојде нашето мало ангелче, нашиот син Алексеј. Сакаме да ја споделиме оваа радосна вест со сите вас, голем поздрав“ – напиша Дарко на својот Инстаграм профил.

Името Алексеј, всушност потекнува од грчкото име Александрос, кое го носи значењето „заштитник на луѓето“. Алекс означува заштита, а Андрос значи вистински маж, што го прави ова име да биде едно од најпопуларните и најактуелни имиња денес.