Деца возат скапи коли, летуваат на луксузни места... им дадов сè и тие вака ми враќаат: Тешка исповед на баба Милена
Баба Милена е пензионерка и мајка на две
возрасни деца кои веќе подолго време имаат и свои семејства. Мислеше дека нема
да мора да се грижи за ништо во својата старост бидејќи, фала на Бога,
одгледала две деца, но сепак доживеа од нив да го почувствува најголемото
разочарување.
- Имам возрасен син и ќерка. Јас и мојот
сопруг им помагавме во се, од учење до купување куќа и грижа за нивните деца.
Денес живеам сама, мојот сопруг почина пред неколку години. Имам мала пензија,
едвај покривам основни потреби. Понекогаш кога купувам лекови, буквално морам
да се откажам од храната. Децата се свесни за мојата ситуација, но ниту еднаш
не ми се понудија да ми помогнат. Џепарлакот на внука ми е поголем од мојата
пензија. Еднаш спомнав дека можат да плаќаат половина од месечните сметки
бидејќи ќе им го оставам станот кога ќе починам. Синот се правеше дека не разбира
што реков, а ќерката рече дека едвај сама си ги плаќа трошоците. Никој од нив не оди со јавен превоз до
работа, имаат скапи коли. Секоја година одмараат на скапи места во скапи
хотели. Ќерката секој месец купува нова облека, ја
опсипува внука ми со пари. Детето добива повеќе џепарлак од мојата пензија. Во
куќата на неговиот син ми сите пари ги контролира неговата сопруга. Дури и да
сакаше да ми помогне, таа не му дозволува. Кога мојата сосетка гордо ми кажа како
нејзините деца секоја година и плаќаат годишен одмор, носат храна и ги плаќаат
сметките, буквално се навредив. Јас го направив истото за моите деца како и
таа. Порано и позајмував пари, но веќе не се осмелувам, се плашам дека ќе ме
праша зошто моите деца не помагаат како таа. Им помагав на моите родители колку што
можев. Никогаш не ги оставив со празни раце. Помагав и физички и финансиски.
Дали не успеав да ги воспитам моите деца правилно? Немам заштеда, бидејќи јас и
мојот сопруг не заштедивме ништо, им дадовме се на нашите деца. И така ми
вратија, раскажа оваа бабичка.
Но животот не знаеме каде ќе не одведе, затоа не треба да им грешиме на сопствените родители. И ние еден ден ќе бидеме стари како нив, што потоа?
Фото: Freepik