Децата цртаат за нашите херои – нова иницијатива на Националната галерија
Имате деца дома и здодевно им е, еве активност за поттикнување на нивната креативност. Националната галерија ги предизвикува децата да создадат уметнички дела, со кои ќе им се заблагодарат на хероите на заедницата.
-Ги охрабруваме семејствата и децата да направат и споделат уметност на темата „Нашите херои“. Херои можат да бидат сите, освен лекарите, медицинските сестри и целиот персонал во здравството, херои се и касиерките во маркетот, полицаецот, пожарникарот, возачот на автобус, баба и дедо, мама и татко кои се грижат за вас, бато кој мора да те „трпи“ цел ден, учителката која се грижи образованието да продолжи непречено, службеникот во банка и сите оние кои ја одржуваат работата на заедницата – порачуваат инцијаторите на оваа акција од Националната галерија.
Освен цртежите, се очекува децата да ги објаснат нивните уметнички дела со текст од максимум 150 зборови или со кратко видео, снимено со телефон. Може да учествуваат сите креативци од претшколска и школска возраст.
Семејствата можат да испратат слики со уметнички дела на адресата marketing.ngm@gmail.com или да ги објават детските дела на социјалните мрежи Facebook и/или Instagram, притоа со тагнување на Националната галерија и со користење хаштаг во објавата: #НашитеХерои, #OurHeroes, #НационалнаГалерија, #NationalGallery.
За дополнителни прашања обратете се на ФБ страницата на Галеријата