ДЕЦАТА ГО ЧЕКААТ ВЕЛИГДЕН КАКО ПРАЗНИК КОЈ НОСИ БОИ

Добивај вести на Viber

Скопје Сити Мол оваа година големиот христијански празник Велигден го посветуа на најмалите кој ќе ги анимира преку натпревари,разни игри и работилници и на тој начин да го прослават и запомнат.

“Велигденски свет” кој ќе се одржува во периодот од 22 до 29 април, е катче во трговскиот центар кој има лавиринт, џиновски зајко и претставува чудесно место каде ќе може да креираат и да се дружат. Овој празник e особено забавен за најмалите бидејќи ги асоцира на бои, игри и радост.

Во рамките на “Велигденски свет” ќе се одржат најголемите работилници за боење на јаца, децата ќе можат да го пријават своето најкреативно јајце, а победникот ќе земе награда. Работилниците се одржуваат од  25 до 28 април во период од 18:00 до 20:00 часот, а на 27 и 28 април ќе има и дополнителен термин од 12:00 до 14:00 часот.– изјавија од Скопје Сити Мол