Децата ќе уживаат во географијата: Атлас и карти кои мора да ги имаат оваа учебна година

Добивај вести на Viber

Географскиот атлас на светот е класичен атлас, а тоа значи дека во него се вклучени сите континенти и држави. Станува збор за ексклузивно издание на Просветно дело изработено со најсовремен пристап на дигитално и тематско гис-мапирање, при што се користени специјални, глобални тридимензионални (3Д) подлоги на релјефот на копното, на морското и океанското дно. Тој ќе ви овозможи запознавање на реките, планините, езерата, градовите и се што ќе посакате да откриете од областа на географијата.

Немите карти во издание на Просветно дело се одлично дополнување кон Географскиот атлас, како во наставата и за потребите на учениците, така и за индивидуални потреби на сите оние кои сакаат да си ги прошират своите знаења од областа географија.

Немите карти ги опфаќаат: картата на Македонија, која е дополнета со тематски прашања, картите на Европа и Азија дополнети со задачи во координација со наставните содржини, како и карти на Африка, Америка, Австралија и поларните области, исто дополнети со прашања за проверка на стекнатите знаења.