Радоста ја носат децата: Мевљуде Малиќи, претседателка и основач на Фондацијата Енвер Малиќи
Госпоѓа Мевљуде Малиќи повеќе од 40 години со
својот сопруг Енвер Малиќи ја градеше империјата Малиќи Груп, која денес работи
во областа на хотелиерство,
градежништво, трговија и дистрибуција на алкохолни пијалаци од сите најголеми
брендови.
По смртта на сопругот, а во чест на неговата големина како хуманист, човек кој поттикнувал развој, дипломат и филантроп, таа ја основа фондацијата која го носи неговото име.
* Честитки
за вашето ново професионално поглавје како
претседателка на Фондацијата Енвер Малиќи, партнер на децата во
неволја, на екологијата, културата и
образованието.
Дали би можеле да ни ја претставите вашата визија за Фондацијата ?
-Ви благодарам, среќна сум што можам да
придонесам
со ваква неверојатна организација и би било прекрасно да продолжиме таму каде
застанавме со Енвер. Во Фондацијата го
промовираме развојот на сите деца секаде во Македонија и на
Косово. Јас сум мајка на три деца и сега од нив имам и внуци, а од друга страна
мојата професија е всушност наставник по физика, затоа и ми се многу блиски
темите деца и образование. Сметам дека е
многу важна помошта вклучувајќиги и децата погодени од
хуманитарни кризи.
Учењето треба да е игра оти таа го намалува стресот, ја гради издржливоста, а истовремено ја негува имагинацијата и надежта. Затоа учењето низ игра е многу важно на ова наше патување. Сакаме секоја година да ги трансформираме животите на дел од децата во Македонија и Косово.
Слушајте ги децата, ние ги слушаме.
* Фондацијата великодушно обезбеди училишен прибор за првачињата во септември годинава.
-
Целта е да помогнеме на
децата во ризик, да дадеме свој придонес во образованието, да се трансформираме работејќи заедно со децата,
младите, поддржувачите и партнерите за да дадеме позитивно влијание во
заедницата.
Нашa инвестиција е да ги заштитиме децата и да го промовираме нивното учење, па и благосостојбата. Инвестицијата во раните години од животот на детето е апсолутно клучна,бидејќи раните разиграни искуства ќе бидат придобивки кои траат многу повеќе од раните години. Ќе продолжиме да работиме на оваа тема да ги промениме системите, ставовите и нормите кои стојат на патот на сите деца за да го достигнат својот целосен потенцијал. Децата треба да имаат можност да се ослободат од вишокот на енергија, да им се обезбеди да дојдат до емоционална катарза и да научат да ги изразат емоциите, но и да ги охрабриме да одговорат на предизвиците со креативно решавање на проблеми.
Радоста ја носат децата. Тие се сегашноста!
* Нашите
читатели би сакале да ве запознаат малку подобро на лично. Читањето клучна компонента во образованието. Можете ли да
споделите со нас книги кои најмногу влијаеле на вас лично или професионално и зошто
би ги препорачале на другите луѓе да ги читаат?
- Какво прекрасно прашање. Очигледно е дека има одлични лекции за сите нас во „Пипи
Долгиот Чорап“ од Астрид Линдгрен, за децата, особено за девојчињата и занивната генијалност.
Неверојатно е предизвикувачко за читање и времето на класиците Достоевски, Балзак, но го сакам и Милан Кундера. Сметам дека читањето и образованието се клучни за секој човек.
Со Енвер често патувавме и навистина жалам што ете сите наши убави моменти не ги преточивме во некој роман, убедена сум дека ќе беше роман во кој се зборува за авантурата, љубовта, поддршка и семејството. Се разбира и за радоста која ни ја донесоа нашите деца.
- Фондацијата Енвер Малиќи
веќе е препознатлива и по вложувањето во екологијата. Вработените од вашите
компании често организираат настани за чистење на околината, направивте парк,
пешачите во природа ги потикнувате и другите да прават добри чекори.
- Одговорноста кон природата е многу
важна. Фондацијата сака да мотивира и да учествува во подигнувањето на
свесноста за здрава и чиста околина. Заедно со сите вработени во компанијата се
трудиме да дадеме наш печат на ова време. Да, изградивме парк во општина Центар
кај култното Кино Карпош. Станува збор за урбано ќоше во Скопје, каде веќе
организиравме и неколку дружења со децата во социјален ризк. Во план е изградба
на уште паркови во градов, сакаме ваките зелени ќошиња на Скопје да станат наш придонес
кон градот Скопје.
Ние во Фондацијата веруваме дека пријателството е многу важно и дека вложувањето во партнерства со организации и со истомисленици ќе ги да градиме уште повеќе. Затоа ги охрабрувам сите кои се пронаоѓаат во нашите постулати на работа да не контактираат, ние заедно можеме да го направиме светот поправеден за сите деца.