Децата родени во зима се посебни поради седум необични факти

Добивај вести на Viber

Што покажаа научните истражувања?

Сезоната во која сме родени има влијание врз нас, врз нашето здравје и општа состојба.

Еве што открија за децата родени во зимските месеци.

Децата родени во зима се покрупни

Анализирајќи ја статистиката, научниците откриле дека децата родени во зимските месеци се повисоки од оние родени во лето. До шест или седум години, зимските деца се потешки, повисоки и имаат поголем обем на главата од нивните врсници родени во другите сезони, пишува Мис мама.

Тие се поинтелигентни

Според заедничкото американско и австралиско истражување, во кое научниците го проучувале развојот на 21.000 момчиња и девојчиња, се покажало дека зимските деца имале подобри резултати на тестовите за интелигенција од нивните врсници.

Тие се помалку склони кон мултиплекс склероза

Кај нив оваа сериозна болест се јавува поретко. Сите сме слушнале дека здравјето на мајката може да влијае на здравјето на бебето. Но, дали знаевте дека времето на зачнување може да влијае и на здравјето на бебето? Научниците од Оксфорд дошле до заклучок дека бебињата родени во ноември имаат најмалку шанси да заболат од мултиплекс склероза, додека бебињата зачнати во зимските месеци имаат најголеми шанси. Тоа е затоа што бремените жени добиваат помалку витамин Д во текот на зимата.

Почесто е предвременото раѓање

Бебињата зачнати во мај имаат поголеми шанси да се родат рано. Научниците од Универзитетот Принстон, откако анализирале различни податоци, и игнорирајќи го социолошкиот статус на мајките, откриле дека бебињата родени во зимските месеци имаат 10 отсто поголеми шанси да се родат предвреме. Се чини дека еден од важните фактори е тоа што е сезона на грип и настинки.

Тие се подепресивни

Поголем е ризикот да развијат невролошки нарушувања, вклучително и т.н сезонско афективно растројство (зимска депресија), биполарна депресија и шизофренија. Научниците ја пронаоѓаат причината во количината на светлина на која се изложени новородените деца или во недостатокот од неа.

Имаат послаби коски

Друга карактеристика е поврзана со сончевата светлина. Според научниците, летните бебиња во просек се повисоки за половина сантиметар, а нивната коскена маса е за 13 квадратни сантиметри поголема од онаа на зимските бебиња. Виновникот е апсорпцијата на витаминот Д од мајката во последната фаза од бременоста.

Тие се повеќе склони кон алергии на храна

Се чини дека во денешното современо доба, се повеќе деца имаат одредени проблеми со алергии на храна. Меѓу нив, најголем број бебиња се родени во зима.



ФОТО: unsplash