Децата вриштат, трчаат, им пречат на гостите, а родителите си пијат кафе. Каде е срамот? Брутална исповед на келнерка ги запали „социјалните мрежи“

Нема човек кој барем еднаш во животот не доживеал во кафуле или ресторан на соседната маса да има невоспитано дете. Се чини дека родителите се прават луди додека детето трча и скока, а ги вознемирува гостите и вработените.

И повеќето од нас главно молчат за тоа, мислејќи „децата се деца“, а скоро сите присутни во себе си мислиме дека некој треба да ги научи како треба да се однесуваат, пред се‘ родителите, а потоа детето. Најтешкиот дел од оваа приказна се келнерите, кои треба да се насмеат и да го исчистат нередот што детето го остава зад себе. Една Хрватка на Редит им кажа на луѓето како тоа изгледа „од другата страна на шанкот“.

„Работам како келнерка во малку поотмено кафуле. Не е дека морам да носам вратоврска, но сепак, се очекува малку поголем професионализам и од персоналот и од гостите. Работев во шанк од другата страна и многу повеќе ми одговара овој пристап. Тоа што страшно ме нервира се родителите кои доаѓаат на кафе со пријателките и децата, а потоа се однесуваат како да се дојдени на детско игралиште. Децата трчаат по локалот, врескаат, се качуваат секаде.

Денес, едно малечко особено ми го крена притисокот; според некои проценки има околу пет години. Таа се обиде да влезе во шанкот и да земе пакетче инстант сок. Потоа ѝ ги дадоа клучевите да си игра (а на терасата нема детски играчки), па таа почнала да ги турка во бравата од вратата од кафулето. Се надевав дека фасцинацијата брзо ќе помине, но не помина, па убаво ја замолив да не го прави тоа. Таа целосно ме игнорираше.

Повторно ѝ реков, сепак ништо. На крајот ја замолив мајката малку да ја смири ѝ да ја предупреди да не ги турка клучевите во бравата за да не се скрши нешто. А таа револтирано одговори: „А што би се оштетило?“ Не беше груба, но нејзините очи покажаа дека ми замерува. И бакшиш не добив“, напиша таа во својата исповед, а потоа раскажа уште една анегдота со гости и валкана пелена.

„Пред неколку недели, една млада мајка му ја смени пелената на своето бебе на сред тераса, а потоа ја остави под масата пелената наместо во ѓубре? Не разбирам“, напиша келнерката, а нејзината исповед предизвика голем број коментари. Некои целосно ја разбираат, но други велат дека не е во право.

„Колку стареам, толку ми станува појасно зошто има ресторани во кои нема влезови за деца“, напиша накратко еден корисник на Редит. Во дискусијата се вклучи и една мајка. Таа за ваквите ситуации го обвинува прекумерниот либерализам.

„Имам мало дете, па знам за воспитувањето и одговорно тврдам дека повеќето луѓе денес не знаат како да воспитуваат дете. Или одат во крајност целосно да се попушта и да му допушта на детето или се екстремни - третирајќи го детето како затвореник“.

Но, родител кој бил келнер може многу добро да ја погледне ситуацијата од двата агли.

Работев како келнер десет години и затоа сега како родител на двегодишно дете имам размислувања за гостите и келнерите, сакам да седам и да пијам кафе со малото после паркот. Проблемот не е само што децата се диви, туку проблемот е што кај нас келнерите не се доживуваат како луѓе кои дошле на работа и заработуваат, сè уште нема почит кон келнерите и кафулињата затоа што кај нас менталитетот е таков“, напиша тој и заслужи бројни лајкови.


Фото: unsplash