ДЕЦЕНИЈА И ПОЛ ПАСИЈА И ПОСВЕТЕНОСТ ЗА „БРАЌА МАНАКИ“, ТОА Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД КЛАСИЧНО СПОНЗОРСТВО: Интервју со Игор Божиновски

Добивај вести на Viber

Факт е дека компаниите преку своите политики за општествена одговорност можат сериозно да придонесат во развојот и унапредувањето на локалните заедници, но некогаш за да се случи некаква промена не се доволни само класичните спонзорства, туку и многу љубов и сериозна посветеност. Токму таков е односот кој повеќе од 15 години битолската компанија „Божиновски часовници и накит“ го гради со фестивалот „Браќа Манаки“. Тука не станува збор само за парична поддршка, туку за вистинска љубов и пасија со која вработените од оваа компанија заедно со група ентузијасти секоја година активно се вклучени во смислување и реализирање на бројни проекти кои имаат една единствена цел – жителите и посетителите на Битола колку што е можно поинтензивно да ја почувствуваат филмската магија која се случува во овој град секоја есен. А, иницијативата за ова интервју се роди откако прочитавме еден инспиративен статус на социјалните медиуми напишан од страна на сопственикот на компанијата Игор Божиновски во кој многу повеќе се зборува за љубов, заедништво, пасија и посветеност, отколку за она што значи класично спонзорство. Зборувавме за односот кој компанијата го има кон фестивалот, но и за важноста за тоа како бизнис секторот својот knowhow несебично да го споделува со заедницата со цел да се иницираат промени.

Целото интервју прочитајте го на Фактор.