,

Дечињата и учителките од „Детска радост“ - Скопје изразија благодарност до здравствените работници: Изработија цртежи за Меѓународниот ден на здравјето

По повод Меѓународниот ден на здравјето, дечињата и учителките од група Пирати од објектот Темјанушка од ЈУДГ „Детска радост“-Скопје изразија благодарност до здравствените работници во овие тешки моменти за сите нас, со изработка на детски цртежи.

Поттикнати од моменталната состојба со која се соочува целиот свет, учителките заедно со родителите од групата, наместо првоаприлски маски ги пренаменија средствата во благодарница до здравствените работници.