Дефиниција за кич: Модна катастрофа на Никол Кидман - Интернетот преплавен со негативни критики (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Актерката на премиерата се појави во тоалета која, како што ја оцени јавноста - е ужасна.

Актерката Никол Кимдан се појави на премиерата на нејзиниот нов филм „The Northman“ во Холивуд. Друштво ѝ правеше сопругот Кит Урбан, со кои разменуваа нежности на црвениот тепих.

Никол Кидман гордо ја покажа својата креација, со која привлече големо внимание на премиерата.
Тоалетата што ја носеше ја потпишува модната куќа Прада, а познато е дека Кидман сака да носи парчиња од оваа модна куќа.

Фустанот е интересен поради неговиот дизајн бидејќи е долг, во лимета боја, има розови пердуви на ракавите, под него ѕирка црна ролка, а има циркони по целата должина. Сепак, судејќи по коментарите кои се шират на социјалните мрежи, речиси никому не му се допаѓа нејзината комбинација.

View this post on Instagram

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)


„Очајно ѝ треба нов стилист“, „Зошто не го отпушти стилистот, од каде ѝ текна да го носи ова“, „Зошто секогаш избира идиотски фустани?“, „Толку убава жена, но стилот - хорор...“, „Дефиниција за кич“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Актерката одлучила фустанот да го комплетира со сребрена чанта и обетки со смарагдни детали како и црни сандали.

Комплетниот изглед го заокружила со ниска пунџа и шминка која дава ведрина на нејзиното лице.

извор:GLOSSY
фото:Profimedia

Вака изгледаат среќа и олеснување: Урнебесни фотки на Никол Кидман неколку секунди по разводот од Том Круз