Декарбонизацијата како процес демонстрирана пред студентите на Машински факултет

Добивај вести на Viber

Денес, на Машинскиот факултет во Скопје, студентите по предметот “Проектирање на мотори со внатрешно согорување”, кај проф. д-р Даме Димитровски присуствуваа на првата демонстрација на декарбонизација на дизел мотор.

Тие можеа во живо да се уверат дека има значителна разлика во работата на моторот пред и после процесот на декарбонизација.

Преку овој метод, се прочистуваат карбон депозитите кои се таложат од страна на горивото при внатрешно согорување и на тој начин моторот работи посмирено, а цилиндрите на моторот продишуваат. Оваа пракса треба да е редовна, доколку возачите се грижат за својот автомобил или товарно возило затоа што на овој начин се намалува потрошувачката на горивото од една страна, а од друга страна се продолжува векот на работата на моторот.

Некои велат дека декарбонизацијата е спа за автомобилот, други, дека ваквото прочистување е неопходно, а од Глобал Мото Сервис - ГМС, лиценцираната компанија која користи апарати произведени во Европа кои ја организираа оваа презентација, сметаат дека „Идните машински инжинери задолжително треба да ги знаат новите технологии за одржување на моторите со цел да можат да дојдат до подобри резултати и да го пренесат знаењето до редовните корисници на моторни возила“. Оваа процедура, покрај тоа што е грижа за автомобилот, е воедно и грижа за околината.

ГМС продолжува со едукативна кампања за широката јавност во насока на објаснување за декрабонизацијата, охрабрувајќи ги корисниците на моторни возила редовно да ја применуваат.