Денес ги славиме светите апостоли: Кога сите бродови ќе ви потонат, изговорете ги зборовите на оваа молитва

Добивај вести на Viber

Денес ги славиме апостолите Иродион, Агаве, Руф, Асикрит, Флегон и Хермес. Сите ги споменува апостол Павле во своите посланија.

Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Светиот апостол Павле ги спомнува во своите Посланија. „Поздравете го“, им пишува Павле на Римјаните, „мојот роднина Иродион“ (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како епископ Неопатарски; го биеја со стапови по главaтa, со камења по усните, го бодеа со ножови. И кога го оставија како мртов, свети Иродион стана и продолжи да им служи на апостолите. Во Рим му помагаше на светиот апостол Петар. Го убија заедно со многумина други христијани истиот ден кога беше распнат Петар.

Свети Агав имаше пророчки дух. Во Делата Апостолски се спомнуваат неговите две пророштва. Прво, прорече голем глад по сиот свет, коj и се случи во времето на кесарот Клавдиј. И второ, кога во Кесарија се сретна со апостолот Павле којшто одеше за Јерусалим, Агав го зеде Павловиот појас, си ги врза себеси рацете и нозете, велејќи: 

Свети Руф беше епископ во Тива Јудејска. И него го спомнува апостолот Павле: „Поздравете го Руф, избраниот во Господ“ (Рим. 16, 13). Беше епископ во Ирканија азиска.

Свети Флегонт, кој се спомнува на истото место, беше епископ во тракискиот град Маратон.

Свети Ермиј спомнат со останатите, беше епископ во Далмација.

Сите тие како пчели Христови го разнесуваа медот на Евангелието по разни краишта, страдајќи многу за љубовта Христова. Сите се преселија во вечното царство на љубениот Христос.


Извор: денови.мк