„Денес на добриот човек се гледа како да не е нормален“: Психолог објаснува зошто не вреди да се биде добар со луѓето

Љубезноста е многу ретка особина денес. Има се помалку добри луѓе. Тие се многу загрозени од корумпираните умови кои кружат наоколу обидувајќи се да искористат некого.

Најлошото од сето ова е што луѓето денес лесно се манипулираат. Значи, во повеќето случаи, осудата на лоша личност против добра е прифатена многу лесно во општеството. Со други зборови, повеќето луѓе се подложни на туѓи мислења. Гледајќи од страна на психологијата, луѓето обично стануваат попустливи од страв. А тој страв најмногу го користат доминантните личности, или манипулаторите.

Денес, во ова време, лошите луѓе од најдобриот човек прават најлош. Го нарекуваат со погрдни имиња, го понижуваат. А уште полошо е што такви епитети поминуваат во општеството. Така да штом другите видат дека си дозволил еден да те понижи. Верувај ќе те понижат и тебе.

И затоа постои една позната поговорка: „Денес на добриот човек се гледа како да не е нормален“.

Од гледна точка на нормален човек, дојде време кога не се исплати да се биде добар. Корумпираните луѓе ќе го искористат тоа многу брзо. Што е уште полошо, не само што ќе те искористат, туку и ќе те претстават на јавноста дека не си нормален човек според стандардите на денешното општество.

Поради ова, нормален и интелигентен човек ќе држи дистанца од сите луѓе.

Тој едноставно нема да им дозволи пристап до него. Затоа што паметниот човек е свесен какви станаа луѓето, само затоа што е многу интелигентен. Ова му помага да ги процени луѓето што е можно побрзо.

Пред да дозволите некој да ви се доближи, запрашајте се каква личност е. И обидете се да го оцените најдобро што е можно. Денес има голем број на луѓе со две лица кои е многу тешко да се забележат. За жал, во повеќето случаи таквите лица се препознаваат на крајот, кога веќе е доцна.

Поради ова, мора да бидете многу внимателни кому му давате пристап и кому му верувате. Затоа што верувајте од оние луѓе од кои најмалку очекувате да ве изневерат. Најмногу очекувајте предавство од нив.


Фото: unsplash

Колку повеќе му угодувате на партнерот - толку побргу ќе си замине: Психолог тврди дека за среќен брак потребно е да се исполнат само овие две тези