Денеска е Павловден, еве што не треба да правите
Во Римокатоличката црква Павловден се слави на 29 јуни, заедно со Петровден. Во православието, неговото дело се почитува на иста дата според јулијанскиот календар, или 13 јули според грегоријанскиот календар.
Павловден во нашата земја жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи, за пајаци да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови..
Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден. Во некои краишта, на пример во Гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела.
Овој ден се нарекува Собор на 12 Апостоли и тоа е главен заеднички празник на сите 12 апостоли, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примиле благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот и затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на светот.