ДЕНЕСКА Е ПЕТОК 13-ти: Еве зошто се верува дека ова е најбаксузниот ден во годината!

Добивај вести на Viber

Според нумеролозите бројот  13 „страда" поради неговата позиција после 12.

Има 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите тарот 13-та е картата на смртта.

Секоја година имаме најмалку еден петок 13, а најмногу три. Верувањето дека ова е бакзузен ден е релативно нововековен изум на човечките негрижи кој датира уште од почетокот на 20 век. Сепак постојат и неколку претпоставки и теории како дошло до тоа петок 13 да се смета за најлош ден.

Почетоците на верувањата во овој датум се поврзуваат за биографијата на италијанскиот композитор Џоакин Росини, кој починал на петок 13. Податоците покажуваат дека суеверието не било популаризирано се додека Ден Браун во книгата „Кодот на Да Винчи“ не пишува за темпларите кои се погубени на петок 13 во Франција. На петок 13 октомври, 1307 година, францускиот крал Филип четври наредил апсење на Жак де Молај, последниот голем мајстор на Витезите темплари. Уапсени се над илјада француски темплари. Повеќето се убиени, а Молај е запален во 1314 година...Поради тоа постои верување дека овој акт има потекло на верување во несреќа која ја донесува петок 13.

Во христијанската традиција овој број се поврзува за 13-от гостин на Тајната вечера и тоа дека Исус е распнат на крст во петок, а тука е и суеверието дека тој 13 гостин на вечерата го издал Исус. Во нумерологијата бројот 13 се смета за целосен и ги рефлектира месеците во годината, бројот на часови во саатот, 12 поени на Олимп, 12 Исусови апостоли и 12 хороскопски знаци, додека 13 како следен во низата се смета за баксузен и ја пореметува концепцијата на совршениот број 12.

Празноверието во врска со бројот 13 е распространето и денес-во некои хотели не постои соба со тој број, многу високи згради немаат 13-ти кат туку скокаат од 12 директно на 14 а во некои авиокомпании решиле да ги исфрлат плочките со несреќниот број од редот на седиштето.

Колку бројот 13 се смета за баксузен говори и фактот дека многу светски аеродроми немаат писти, излези, ниту седишта во авионот под тој број. Во многу болници често не постои соба со број 13, а во Фиренца куќите кои се наоѓаат помеѓу броевите 12 и 14 се означени со бројот 12.

Во холандскиот град Утрехт, на железничката станица, не постои перон со бројот 13, како ни автомобил со тој број во Формила 1. Отстранет е бидејќи двајца возачи на со тој број загинале во несреќа. Повеќе од 80 отсто од светските облакодери немаат 13 кат, додека во некои земји како што се Америка и Канада, катот е означен како 12а.

Се проценува дека светската економија секој петок тринаесетти губи повеќе од 900 милиони долари поради тоа што луѓето тој ден ги избегнуваат своите вообичаени активности.

Доколку сте суеверни, внимавајте денес и трудете се да не размислувате црно. Никогаш не се знае, можеби токму овој ден ќе ви биде успешен  среќен.