Денеска е сончев ден: Ќерката на Амернис прослави роденден

Добивај вести на Viber

Помалата ќерка на актерката Амернис Нокшиќи- Јовановска, Каја, наполни 11 години. 

„ Денеска е твојот сончев ден. Среќен 11. роденден Каја“, напиша Амернис на својот Фејсбук профил. 

Постарата ќерка на актерката и на новинарот Борјан Јовановски, Бора изминатото лето го прослави својот 12-ти роденден. Познатата актерка неодамна во интервју за „Женски Магазин“ ни откри дека Бора е заинтересирана за уметноста како мама.

- Помалата ќерка Каја, пак, има 10 години и многу сака да се грижи за животните. Каде ќе ги одведе патот не знам, но тоа што знам е дека нема сигурно да им се мешам во нивниот избор и секогаш ќе ги поддржам во тоа што ќе биде нивен сон - ни изјави Амернис во април. 

Каја денеска полни 11 години 

„Посвојувањето е благородна мисија“, рече актерката која беше активно вклучена во кампањата „На секое дете му треба семејство“ која ја стартуваше Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ. 

„ Кога бев мала живеевме во бараката карши Албанскиот театар. Заедно со мајка ми, секоја недела одевме во Домот за деца без родители „11 Октомври“ и се враќавме со едно од тие деца кои потоа остануваа кај нас на ручек и викенд. Оттука, за мене е нормална грижата за оние кои ја немаат таа среќа да имаат дом“, ни раскажа Нокшиќи летово.