ДЕТЕТО ТРЕБА ДА ТРЧА БОСО И ГЛАДНО ЗА ДА Е ЗДРАВО : Корисни совети од руски педијатар
Здравјето на децата и на возрасните многу зависи од психолошката клима во семејството. Рускиот педијатар Евгениј Комаровски вели дека семејната клима е клучна за менталното здравје. Ова се десетте правила на рускиот педијатар:
- Семејството не треба да живее во интерес на детето, туку во интерес на семејството. Не можам да замислам моето дете да добие чоколадо, а да не го подели на три дела.
- Ситуација кога жената ќе донесе некоја одлука за детето сама, без да го консултира мажот, е неприфатлива. Ниту една одлука за детето не треба да донесе само еден родител. Таткото треба да знае како детето се храни, како се облекува, а подоцна и што му се случува на училиште.
- Среќно дете е она дете кое има татко и мајка кои наоѓаат време не само да го сакаат детето, туку и да се сакаат еден со друг.
- Ако детето е постојано болно, тоа значи дека тоа има судиир со околината и постојат две опции: да се лечи детето или да се смени околината. Ја сум ѝ поблисок на втоата опција.
- Обезбедувањето на психичката благосостојба на мајката која се грижи за детето е главна грижа на таткото.
- Ако детето цело лето трча по трева гладно, пргаво и и босо, тоа го чува неговото здравје во текот на целата година. Детето треба да е слабо и акативно.
- Сите главни одуки кои се однесуваат на детето, можат да ги донесат само мајката, таткото и педијатаорт.
- Роднините можат да ги советуваат родителите, под услов да не се навредат ако нивните совети не се прифатат.
- Главната благосостојба на семејството зависи од здравјето на мајката.
- Среќата во семејството почнува кога мажот нема да се интересира само за спорт, војна, и пари туку кога се занимава со децата.
- Неопходно е , законски да се одреди должноста на родителите да ги совладаат основите на медицинското здравје.
Извор: http://www.psysecrets.info/2018/08/10_96.html
Фото: Urban Vybe