ДЕТСКИТЕ СПОМЕНИ НА ПЕЈАЧКАТА ЕЛЕНА РИСТЕСКА: Тажна сум на секој празник
Дедо ми свиреше на гајда, традиционалните македонски песни се пееја најмногу и од таму ги научив. Не се сеќавам дека во тој период некоја фамилија беше посреќна од нашата. Спокојот, смеата, радоста и музиката беа својствени за нас. Дел од фамилијата веќе не е меѓу нас, затоа ужасно ми фали тој период од животот. Особено татко ми, откина дел од нашите души
Празниците се емотивен период за поп-пејачката Елена Ристеска. Секој поголем празник, особено Велигден и Божиќ и будат убави спомени на детството и на деновите кога нејзиното семејство било поголемо. Елена со радост, но и со тага се сеќава на својот покоен татко, кој почина пред една ипол година, до долго боледување. Незаборавни за неа се и дружењата со баба и ѝ со дедо и, моментите кога сите покрај празничната трпеза пееле македонски народни песни. Елена за Женски магазин откри дел од нејзините сеќавања.
Голема тага ми надоаѓа на секој празник, Бадник, Божиќ, Велигден, и среќата не ни е целосна, па утехата наша е Делфина внука ми.- Елена со мајка и, татко и со сестра и како дете
„Најубавите спомени од животот ми се од детството кога фамилијата ми беше целосна и сите ни беа на број. Незаборавни беа сите фамилијарни прослави за Велигден за и Први и втори мај. Цела фамилија се собираше на трпеза кај баба ми и покрај богатата софра, се пееше и се свиреше до раните утрински часови. Дедо ми свиреше на гајда, традиционалните македонски песни се пееја најмногу и од таму ги научив старите народни песни. Не се сеќавам дека во тој период некоја фамилија беше посреќна од нашата. Спокојот, смеата, радоста и музиката беа својствени за нас. Дел од фамилијата веќе не е меѓу нас, затоа ужасно ми фали тој период од животот. Особено татко ми, откина дел од нашите души. Голема тага ми надоаѓа на секој празник, Бадник, Божиќ, Велигден, и среќата не ни е целосна, па утехата наша е Делфина внука ми, ни ја ублажува болката, целиот фокус ни е таа“, ни раскажа Елена.
Елена се сеќава и на Први мај, и нивните традиционални семејни излети во природа. Вели дека истата семејна среќа што ја памети од детството, би сакала да ја доживее кога и таа ќе основа свое семејство.
Најубавите спомени од животот ми се од детството кога фамилијата ми беше целосна и сите ни беа на број.- Елена со семејството на свадба
„Секогаш местевме трпеза во природа, трчавме како деца и уживавме. Остануваат спомените и тие се единственото нешто кое ме враќа назад во минатото и би сакала да го доживеам со мојата идна фамилија“, додаде пејачката.
Во моментов, таа е посветена на снимање нови песни, за рускиот пазар но и следниот сингл за регионалната публика. „Ја привршуваме песната „За крај“, која ми е подарок од Сергеј Ќетковиќ, и останува уште спот да се сними па да се објави“, ни раскажа Елена. Минатата есен, нејзин голем хит беа песната и спотот „Текила и лимон“. Елена тогаш за Женски магазин изјави дека луѓето, гледајќи го нејзиниот спот се одмориле и заборавиле на политика.
Милица Џаровска