Девет знаци кои покажуваат дека сте „жив оган“ во кревет

Понекогаш е тешко да се процени како се справуваме во кревет со партнерот, но овие девет знаци се показател за тоа каде сте на скалата на „снаодливост“ во сексот.

Иако не е лесно да се гледате себе си во таа ситуација, и сите ние тајно се прашуваме дали сме „добри“ во сексот и дали доволно го привлекуваме партнерот, добро, еве го одговорот. Овие девет знаци покажуваат дека нема тајни за вас во кревет:

Имате самодоверба - Ова значи дека е поголема веројатноста да ја оставите светлината, да се појавите целосно голи пред вашиот партнер или да облечете секси долна облека и да чувствувате природно и спонтано во неа.

Двајцата сте расположени - Кога жената ги турка колковите кон партнерот, тоа значи дека што и да прави мажот во тој момент, тоа го прави добро.

Обрнувате внимание - Еден добар љубовник секогаш ги следи движењата, воздишките и реакциите на другата личност. На тој начин знае дали работи правилно или воопшто не.

Вие сте отворени за нови нешта - Испробувањето нови пози генерално значи дека луѓето се добри во сексот. Тоа вклучува предигра, се разбира.

Ве запаметуваат - Тоа е многу едноставно! Ако сте имале одличен секс со некого, тоа секогаш ќе го паметите, затоа што не е лесно да заборавите на голем љубовник

Вагинално проширување - Да, добро прочитавте. Добриот секс ќе доведе до проширување на вагината за време на пенетрацијата, бидејќи вагиналните мускули се опуштени, што повторно значи дека ги правите вистинските работи.

Сакате секс - Ако го сакате и уживате во сексот, шансите се големи дека сте и добри во тоа.

Знаете што ве доведува до кулминација - Личност која е добра во кревет, никогаш нема да зависи само од партнерот. На пример, една жена која го истражувала своето тело и знае како да го достигне врвот, може да го научи истото скоро на секој маж. Сексуално проактивно лице не ги остава работите на случајноста.

Сакате да задоволите - Добар љубовник секогаш ужива да дава повеќе одошто да прима, секогаш сака да го надмине партнерот во задоволување.


Извор: zenskikutak.rs