Девојката на Кијану Ривс со години ја навредуваа дека е „стара и не доволно убава“: Тој не ја остави, а сега прв пат проговори за нивната врска
Холивудската
ѕвезда и миленик на жените ширум светот, Кијану Ривс, се појави со Александра
Грант на галата LACMA Art + Film 2019, држејќи се за рака со неа на црвениот
тепих. Ова, се разбира, ги поттикна шпекулациите за нивната врска, а некои
медиуми објавија дека тие двајца биле во врска со месеци пред тој голем момент
на црвениот килим. Знаеме дека Кијану е еден од најголемите адути на Холивуд и
дека често се зборува за неговото однесување и однос кон жените, а еве што
знаеме за неговата врска.
Имено, Кијану Ривс и Александра се пријатели од 2011 години, кога прв пат работеа на заеднички проект.
Таа ја илустрираше книгата на Ривс „Ода на среќата“, а извор близок до парот откри во 2019 година Кијану сака отворено да го сподели својот живот со неа и дека е среќен и благодарен што ја има во својот живот.
Која е Александра Грант?
Грант е 49-годишна уметничка која има работено со Кијано на неколку проекти.
Живеела во четири различни земји, а денес живее во Лос Анџелес. Во биографијата на нејзината уметничка страница напишала дека животот во странство, т.е. во Мексико, Франција и Шпанија во детството и адолесценцијата, силно ја инспирирал за нејзината работа со странски јазици.
Таа во едно интервју во мај 2019 година рече зошто живее во Лос Анџелес:
- Делумно пораснав во Мексико, Вашингтон и Париз, движејќи се меѓу јазиците и културите. Се чувствував како дома во Лос Анџелес од моментот кога првпат пристигнав во 1995 година, поради големата разновидност на луѓе, храна, растенија... Тука има неверојатна работна етика - многу луѓе се креативни. Многу е инспиративно да имате пријатели кои напорно работат на својот занает - без разлика дали тоа е сценографија, издаваштво или глума.
Врска со Киану Ривс
Ривс зборуваше за својот живот со Грант во март 2023 година, каде што истакна дека таа е личноста со која го поминал последниот момент на блаженство.
- Пред неколку дена го имав последниот момент на блаженство со мојата медена. Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се смеевме и се смеевме. Се чувствувам одлично. Беше многу убаво што сме заедно.
Во април 2023 година, тие прошетаа на црвениот килим во Музејот на современа уметност во Лос Анџелес. Застанаа да се бакнуваат пред фотографите.
А неодамна Грант даде редок коментар за нејзината врска.
- Добрата вест за заљубувањето на мои години е што изградив сопствена кариера до почетокот на мојата врска. Се чувствувам многу самоуверено, изјави таа.
Грант, исто така, го поврза она што и двајцата го прават како уметници, иако работат во различни медиуми.
- Тој ми е инспирација. Тој е толку креативен, тој е толку љубезен. Тој работи напорно. За да направите филм, потребни ви се стотици луѓе. А за да бидеш уметник не ти треба толку многу. Ти треба еден. Потребна е заедница за да се пренесе работата во светот, но не и да се оствари. Мислам дека дел од инспирацијата се разликите во обемот.
Таа зборуваше и за другиот проект на Ривс, неговиот бенд Догстар.
- Навистина сум горда. Јас сум голем фан на Dogstar. За мене беше огромно задоволство што отидов на нивниот прв јавен настап, а бидејќи долго го слушав последниот албум, бев една од ретките луѓе во публиката што ги знаеше сите текстови. Тоа беше навистина кул. Забавно е. Тоа е повеќе од забавно.
Фото.youtube/sreenshot