Диетата на турската актерка која симнува 5 кг за 7 дена: Ја нарекуваа „слатка тиквичка“, а сега ѝ завидуваат на линијата

Добивај вести на Viber

Решила да го промени начинот на исхрана и килограмите исчезнале со молскавична брзина

Убавата турска актерка, Ханде Ерџел, која ја воодушеви публиката со својата извајана фигура во ТВ серијата „Чукни ми на врата“, не беше секогаш згодна и витка.

Пред извесно време актерката страдаше од вишок килограми, поради што често ја нарекуваа „слатка тиква“. За да ослабе, избрала радикален начин, станала веган и почнала да пие „специјален“ чај за согорување на маснотиите.

Инаку, Ханде се прослави со одличните улоги и влезе во аналите на најубавите актерки уште пред да ослабне.

View this post on Instagram

A post shared by Hande Erçel (@handemiyy)



Кога требаше да ја добие улогата на Селин, јасно и беше кажано дека мора да го реши проблемот со тежината. Затоа се одлучила на диета која ѝ помогнала да изгуби и до 5 килограми неделно.

- 5 килограми неделно. Во тој период јадев само течна храна. Живеев од супи и вода. Се уште се грижам за мојот изглед, но не е толку ригорозно – изјави актерката за турските медиуми.

Таа целосно го исфрлила шеќерот и јаглехидратите од исхраната, наместо тоа, додала многу протеини.

Сајтот Health Yogi сподели примерок мени инспириран од диетата за слабеење на Ханде Ерчел.

View this post on Instagram

A post shared by Hande Erçel (@handemiyy)



Појадок: белки (на пример две варени), тост со авокадо и овошје

Ужина: овошје или зелено смути

Ручек: пилешки гради, зеленчук и кафеав ориз

Вечера: риба и салата

Актерката откри дека кога ќе почувствува глад, јаде зелено јаболко помеѓу оброците.

View this post on Instagram

A post shared by Hande Erçel (@handemiyy)



Друг трик кој го забрзал слабеењето е тоа што пиела вода со органски цејлонски цимет, кој е познат по неговите придобивки за човечкото тело, особено по топењето на мастите.

Меѓутоа, она што и пречело на актерката биле масните наслаги на образите, но таа се ослободила од нив со естетска процедура, методата бикектомија, која и го „стеснила лицето“.

Ханде сега изгледа одлично, а стана една од најпопуларните турски актерки .


Беа омилената турска актерска двојка: Дали заврши љубовта помеѓу Керем Бурсин и Ханде Ерџел?