ДИМИТАР УЖИВА СО СОПРУГАТА И СИНОТ: Ништо не е повредно од семејството

Добивај вести на Viber

Пејачот Димитар Андоновски кој редовно настапува со „Тајфата“ конечно има слободен викенд за комплетно да му се посвети на семејството. Популарниот битолчанец ужива со сопругата и со синот во една позната винарија, а фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи ги воодушеви неговите фанови.

- Среќен сум што ја имам Христина за жена затоа што во денешното модерно време кога сите вредности се изгубени реткост е, но и дар од Бог да имаш вистински човек покрај себе. Ја сакам нејзината едноставност и скромност и едноставно уживам во секој миг со неа.Му благодарам на Бога што ни го подари најпрекрасниот син на светов. Михаил комплетно ми го промени животот, се чувствувам исполнет, среќен и сфатив дека ништо друго не е благословено и повредно од семејството. Христина е многу посветена мајка и навистина покрај бројните обврски што ги има околу детето скоро дипломира на Филозофскиот факултет како историчар со највисок просек. Едноставно се гордеам со неа - изјави Димитар за „Женски Магазин“ пред неколку месеци.