Директорите на СН Осигурителен брокер одржаа предавање за студентите на Економски факултет

СН Осигурителен брокер АД Битола како опшествено одговорна фирма продолжува со својата помош за развој на заедницата, овој пат со трансфер на практични знаења за идните економисти.

Денес, преку online комуникација, извршните директори на СН Осигурителен брокер АД Битола - Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски одржаа предавање и презентација пред 200 студенти на Економскиот факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, на насоката Менаџмент во осигурување, предмет Осигурување предводен од проф. Игор Ивановски.



Предавањето и презентацијата се состоеа од неколку теми: Осигурителни услуги во нашата држава, Осигурителни услуги на светско ниво, Бизнис моделот на СН Осигурителен брокер АД Битола за развој на осигурителниот пазар помеѓу брокерските друштва, но акцентот беше поставен на моменталната ситуација настаната поради Корона вирусот, како оваа ситуација влијае на осигурителните услуги и економијата и како осигурителните компании и брокерските друштва се справуваат со тоа.

СН Осигурителен брокер АД Битола продолжува да ја унапредува соработката со Економскиот факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.