Актуелно // Insta вести
Дизајнерка Ива му кажа „ДА“ на саканиот: Прстен доби пред Ајфеловата кула во Париз
- 30 Мај, 2023
Модната дизајнерка Ива Спасовска се вери. Таа во Париз точно пред Ајфеловата кула му кажа „ДА“ на партнерот Бурак Биркан.
За овој нивен момент, двајцата се модно усогласени , што не треба и да не изненадува, ако имаме предвид дека Ива е една од најпознатите модни дизајнерки кај нас.
И таа и нејзиниот иден сопруг се облечени во бело.
На видеото имавме можност да го видиме и прстено, кој Ива среќна го сподели со обожавателите. На крај следеше здравица со шампањ.
Честитки Ива.
ФОТО: Инстаграм официјален профил Ива Спасовска