Животна училница // Семеен Албум
dm drogerie markt повлече babylove кашички за бебиња
dm drogerie markt ја известува јавноста дека од одредени земји каде што е присутен dm, од продажба е повлечен производот babylove кашичка за бебиња со јагода, малина и јаболка 100% овошје 4м+, 190 г, со рок на траење до 05.07.2019. Поради мерки на претпазливлост производот од наведената серија е повлечен од продажба, откако во примерок се пронајдени остатоци од средства за чистење кои содржат хлор.
„Во dm дрогерие маркт Македонија, наведениот производ со спорниот рок на траење не се наоѓа во продажба. Истиот никогаш не бил испорачан во нашите дрогериии и оттаму никогаш не бил ставен во продажба за нашите потрошувачи.
Бидејќи квалитетот и сигурноста на нашите производи и безбедноста на нашите потрошувачи се наш најголем приоритет, dm најљубезно ги замолува сите свои потрошувачи кои го имаат набавено производот со спорен рок на употреба во било која земја каде што е присутен dm, истиот да не го конзумираат и да го вратат во dm дрогериите во Македонија, без разлика дали истиот е отворен или не.“, посочуваат во соопштението од dm drogerie markt.