Дневен хороскоп: Некој ќе го промени работното место
Овен
Уморни сте од работата, но сфаќате и сами дека ова е добар период за создавање и заработка. Го подобрувате односот со партнерот, завртувате нов лист. Внесете хармонија во семејното дружење. Чувајте се од можни скршеници и повреди.
Бик
Подгответе се добро за претстојната работна недела, бидејќи ви се овозможува шанса за ангажирање која не би требало да ја одбиете. Односот со саканото лице е лош, потребна ви е поголема слобода и разновидност. Можна е појава на алергија.
Близнаци
Размислувате да го смените работното место. Се опуштате во домот и пронаоѓате начини да го направите уште попријатно и поудобно. Романтичните средби со партнерот ќе ве расположат. Добрата здравствена ситуација влијае добро и на вашето расположение.
Рак
Не е момент за донесување на важни одлуки. Можни се загуби или поголеми непланирани трошоци доколку не реагирате побрзо. На партнерот му се потребни повеќе аргументи за вашите акции. Осцилациите на крвниот притисок ќе ви создадат проблеми.
Лав
Имате потреба од промени и не знаете како да подготвите терен за да ви се случат истите. Денес е можен краток пат со блиските пријатели. Партнерот се однесува како се’ да е во ред, но вие забележувате дека нешто се случува.
Девица
Педантните Девици денес ќе бидат покомуникативни од вообичаено и тоа ќе им донесе подобрување на односите со пријателите. Ви се допаѓа една личност, но таа воопшто не реагира на вас.
Терезија
Денес ќе имате потреба да излезете некаде и да се дружите. Партнерот ќе се обиде да се извлече, но нема да му успее и ќе мора да ве следи. Ако сте сами, можна е интересна комуникација со личност родена во воздушен знак.
Скорпија
Една личност, која ја познавате преку работата, ќе има позитивно влијание врз вас и ќе ве натера да размислувате на поинаков начин. Потребен ви е психички мир. Можеби е подобро некои работи да ги премолчите, но нешто однатре ќе ве тера да се спротивставите.
Стрелец
Можеби финансиската корист што ви ја ветуваат ќе биде голема, но исто така голема ќе биде и цената што ќе ја платите ако нешто тргне наопаку. Ако сте заинтересирани за една личност која покажува знаци на симпатија, не одите пребрзо и не настојувајте премногу. Тоа може само да ја збуни личноста и да ја натера да се повлече.
Јарец
Времето што вообичаено ви го одзема работата, денес би можеле да го искористите за нешто друго и да најдете уште еден извор на приходи. Ако сте студент, денес ќе имате важен разговор кој ќе ви помогне во следните неколку дена да излезете од волшебниот круг во кој се наоѓате. Една личност ви се допаѓа, но се чувствувате несигурно кога разговарате со неа
Водолија
Роковите ви поминуваат, а вие стоите во место. Ако работите хонорарно, од понеделник очекувајте исплата на помала сума пари. Партнерот се однесува како работите сами по себе да се разбираат и не се труди околу вас. Тоа ви пречи и денес ќе направите напор да го убедите да го смени однесувањето.
Риби
Бидете внимателни кога се вашите идеи во прашање. Некој што се наоѓа во ваша близина може да присвои некоја ваша замисла. За да не дојде до тоа, обидете се да молчите и да не се фалите премногу. Односите со партнерот се нејасни.