Дневен хороскоп: Средината на неделата носи средби за три знаци
Рак
Склони сте кон чести промени на расположението, па поради тоа препуштете се на партнерот да креира заеднички планови. Уживајте во привилегиите кои ги добивате. Вашите соработници имаат различни гледишта и секој ги брани своите деловни интереси. Понекогаш е тешко да ги докажете вистинските вредности, но ќе ве изненади денес средба со личност која ја спомнавте минатата недела но не очекувавте да ја сретнете толку брзо.
Лав
Чувствувате нов бран на носталгија и размислувате за нечие отсуство. Поправете го расположението. Кога и да ви се пружи изненадна можност, одговорете на основа на интуицијата. Денес во очекува средба со бившиот парнер.
Девица
Важно е внимателно да го изберете секој збор кој го изговарате пред својот партнер. Избегнувајте личност која ја бие лош глас. Очекувате позитивни одговори и успешни резултати , но до нив нема да дојдете на лесен начин. Успехот зависи од личното ангажирање. Средба со драг колега од факултет.