Дневен хороскоп за петок: Ден за љубов за еден знак
Овен
Може да се надевате на позитивни пресврти кои ќе ви донесат нови можности. Ве очекува интересна комуникација со личност која ќе покаже дека сака да е повеќе од пријател со вас.
Бик
Денес ќе имате некои помали проблеми со пријателите, па затоа поведете сметка за тоа. Ве очекува период во кој ќе имате емотивни дилеми. Можно е да не ви биде лесно да донесете добра одлука.
Близнаци
Можно е да размислувате за тоа да започнете со ново хоби, кое би можело да оди добро. Денес сте многу емотивни и чувствителни. Можно е од саканата личност да барате да ви го посвети нејзиното внимание.
Рак
Не сте доволно сконцентрирани и лесно грешите. Можно е да ви е потребно повеќе време за завршувањето на обврските. Доколку партнерот ве има повредено на некој начин, пробувате да му простите за ја продолжите врската.
Лав
Имате многу амбиции. Подготвени сте да се посветите на обврските за да ги остварите зацртаните цели. Ви се допаѓа личност која покажува дека не е сигурна во своите чувства. Односот со неа лошо влијае на вашето его.
Девица
Пред вас е поволен ден. Ве очекува можност да остварите нови контакти. Поранешната љубов сака да се врати кај вас, но вие и ќе дадете до знаење дека немате исти чувства од порано.
Вага
Денес се можни недоразбирања. Водете сметка да не правите големи грешки. Ви се допаѓа личност која на некој начин е поврзана со странство. Можна е врска на далечина.
Шкорпија
Можно е да не успеете да ги остварите сите планови. Пред вас е период кој носи компликации. Не сте задоволни со самотијата. Подготвени сте за нова љубов и наскоро ве очекува ново познанство.
Стрелец
Пред вас е поволен период за да се позанимавате со плановите за иднината. Имате проблеми со саканата личност и комуникацијата секој ден ви е се понапната.
Јарец
Време е да се занимавате со обврските кои ве чекаат. Имате многу нерешени работи зад себе. Односот со саканата личност ви е стабилен. Ќе уживате во романтична вечера.
Водолија
Преоптеретени сте со обврските и очекувате нечија помош, но можно е денес да не ја добиете. Тежок ви е периодот кога е во прашање љубовта и не сте задоволни. Осаменоста почнува повеќе да ве оптеретува.
Риби
Ви се укажува можност да напредувате и да ги остварите амбициите кои ги имате од порано. Нагло ќе дојде до проблеми во односот со партнерот кој покажува дека е незадоволен.
Најголеми егоисти: Само 4 хороскопски знаци