Дневен хороскоп за петок: Несреќен ден во љубовта за овие знаци
Овен
Нема причина да се однесувате еуфорично пред партнерот, така само ќе поттикнете нови сомнежи во заедничките планови.
Бик
Денес сакате да се наметнете како авторитативна личност во друштво на саканата личност. Упорно пробувате да влезете во нечија „љубовна трага“.
Близнаци
Денес големите изливи на нежност пред саканата личност ви носат обострано задоволство и чувство на сигурност кое ви недостасува. Едноставно ќе уживате.
Рак
Доколку ве оптеретуваат сомнежите, разговарајте искрено со саканата личност и инсистирајте на докажување на вистината.
Лав
Залудно денес размислувате за некоја возбудлива средба или за личност која моментално не е во ваша близина. Овој период не е ваш.
Девица
Посветете доволно внимание на една блиска личност. Нема причина да трпите „емотивен пораз“ и да се залажувате со лажна надеж.
Вага
Важно е да имате добра идеја која ќе ве зближи на вистински начин. Денес партнерот и вие ќе се трудите еднакво.
Шкорпија
Денес ќе му поставите многу барања на партнерот. Слободните ќе ја зацврстат врската со една личност.
Стрелец
Немојте да заборавите дека партнерот од вас ја очекува вистината и „несоборливи докази“. Ќе ви годи разговор со блиска личност.
Јарец
Потпрете се на својата интуиција при изборот на темите или друштвата кои ви одговараат. Не е се онака како што ви изгледа на прв поглед.
Водолија
Доколку денес сакате да функционирате на беспрекорен начин, мора да имате добра волја и одредени манири како свој „заштитен знак“.
Риби
Работите кои ви го задржуваат вниманието не добиваат одобрување кај блиските личности. Упорно се залагате за своите идеи.