Дневен хороскоп за петок: Среќа само под еден услов за овие знаци
Овен
На средба со саканата личност, нема потреба да смислувате нови или изговори кои делуваат неубедливо. Бидете опуштени и препуштени на моментот.
Бик
Смислете начин да привлечете нечие емотивно внимание или романтична забава за двајца. Бидете доволно имагинативни.
Близнаци
Денес сте добро расположени и делувате поттикнувачки на саканата личност. Ве очекува пријатна забава и заедничко задоволство.
Рак
Имате премногу романтична слика за една личност. Потребно е работите да ги гледате еден чекор понапред.
Лав
Чувствувате емотивна инспирација во нечие друштво. Потребен ви е нов поттик, како додатно охрабрување и занес.
Девица
Доколку ве оптеретуваат нечии сомнежи, разговарајте искрено со саканата личност и инсистирајте на докажување на вистината.
Вага
Некој не е во состојба да ги исполни вашите емотивни очекувања, но со малку мудрост и трпение, ситуацијата може да се промени.
Шкорпија
Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот, отколку да започнете кавга и да направите нова љубоморна сцена.
Стрелец
Немојте да давате ветувања кои не можете да ги исполните. Вашата насмевка и емотивни желби не значат многу доколку не постои силна намера.
Јарец
Делувате резервирано и недоверливо, но партнерот нема намера да ве разубеди во емотивните сомнежи.
Водолија
Во односот со блиска личност избегнувајте ривалски односи. Секогаш постои можност да ја вклопите своите интереси и желби.
Риби
Нема причина за наметливост пред блиска личност. Уживајте во работите кои одговараат на заедничките афинитети и вкус.