Дневен хороскоп за вторник: Еден знак ќе биде напнат, други два знаци ги чека отворен разговор со партнерот
ВАГА
Доколку сакате да успеете во бизнисот, неопходно е да го одвоите приватниот и професионалниот живот. Го оптоваривте партнерот со некои ваши деловни проблеми и тој полека почнува да се дистанцира.
СКОРПИЈА
Не можете да прифатите неуспех и пораз. Едноставно не е во вашата природа лесно да го трпите тоа. Затоа можете да бидете многу напнати. Посветени сте на семејството, исполнети сте со времето што го поминувате со нив.
СТРЕЛЕЦ
Денеска на работа бидете многу внимателни. Не дозволувајте нешто или некој да ви ја наруши концентрацијата. Партнерот мисли дека вашите барања се комплицирани, дека во исто време барате од него многу внимание.
ЈАРЕЦ
Не е лесно да се подобри односот со колегите. Се обидувате, но како нешто да недостасува секогаш. Има личност која се обидува да ви пријде, но вие не сакате да и дадете ниту еден позитивен сигнал. Би уживале во рекреација.
ВОДОЛИЈА
Прилично сте пасивни, незаинтересирани за каква било нова работа, иако финансиската состојба е катастрофална. На вашиот партнер му треба внимание, но вие делувате малку незаинтересирано. Видливо е незадоволството.
РИБА
Ќе добиете важна поддршка од личност од деловното опкружување. Ќе ви даде ветер во грб. Заедно со партнерот можете да организирате домашна забава која ќе ви го подобри расположението. Го преувеличувате проблемот што го имате и станувате параноични.