Хороскоп // Хороскоп
Дневен хороскоп за вторник: Љубовта ќе им се насмевне на два знака
- 15 Март, 2021
ОВЕН
Ќе остварите нови контакти, веројатно преку работа, кои ќе бидат пријателски засега, но ќе имаат потенцијал да прераснат во нешто повеќе. На работа можни се конфликти со колеги, внимавајте.
БИК
Ќе ве интересира да ја покажете и докажете својата моќ на привлечност. Успех за оние Бикови кои се занимаваат со креативна работа и работат во областа на медиумите.
БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете премногу агресивни во обидот да го добиете она што го сакате. Вашата амбиција нема да има граници, поради што би можеле да влезете во судир со претпоставените на работното место.
РАК
Незадоволни сте од начинот на кој партнерот комуницира со вас. Можна е стагнација на паричните текови и одредена блокада во областа на финансиите.