Дневен хороскоп за вторник: Проблеми во љубовта за неколку знаци

Овен

Прилично сте самоуверени и упорни. Силно посакувате да решите некој голем проблем. Не успевате да воспоставите конктакт со човекот за кого имате чувства. Малку сте повлечени, што дури не личите на себе.

Бик

Обврските ги реализирате без никакви проблеми. Нервозни сте и нељубезни кон партнерот. Тој нема повеќе нерви за вас, па ви одговара брутално.

Близнаци

Незадоволни сте од ситуацијата во која се наоѓате. Имате впечаток дека ве блокираат од сите страни. Вашата љубомора го расипува односот со саканата личност. Обидете се да се исконтролирате. На партнерот тоа многу ќе му значи.

Рак

Ќе бидете нервозни поради финансиите. Емоциите ви згаснаа. Не чувствувате ништо кон саканата личност. Официјално ќе ја завршите врската и едно поглавје во животот.


Следна страна