Добив уште една ќерка, тоа е мојата снашка Софија: Драган Дац го жени синот, еден месец откако тој и Весна правеа венчавка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Еден месец по неговата венчавка, го жени синот Јаков!

Еден месец откако се ожени со Весна со која живеат заедно повеќе од 15 години, актерот Драган Спасов Дац и сопругата, сега го женат и нивниот син Јаков.

Актерот Драган Спасов – Дац се ожени со долгогодишната партнерка: Весна ми приреди венчавка како подарок за мојот роденден

- Добив уште една ќерка, тоа е мојата снашка Софија!
Љубов во неограничени количини! - напиша актерот заедно со фотки од веридбата.

Јаков ќе се жени со својата девојка Софија, а Дац објави фотки од тортата со прстени и фотки со семејството.

- Моите најголеми достигнувања се моите синови, Јаков и Стефан, мојата прекрасна сопруга Весна и нејзината (читај нашата) ќерка Јана - изјави актерот во една прилика.

фото:facebook