„Добредојде дома“: Џастин Бибер и Хејли станаа родители (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Популарниот пар на социјалните мрежи објави фотографија од своето новороденче.

„Добредојдовте дома“, напишаа новопечените родители покрај фотографијата од стапалцата на момчето на кое му го дадоа името Џек Блуз Бибер.

Манекенката и пејачот во коментар добија бројни честитки, како од познати имиња од светската јавна сцена, така и од обожавателите.

„Почетокот на бременоста беше многу емотивен за мене“, изјави претходно Хејли и додаде: „Се обидувам да уживам во овие денови кога јас и Џастин сме сами“.


Таа објасни и зошто одлучиле јавно да ја објават бременоста. 

„Искрено, можев да молчам бидејќи стомакот не се забележуваше долго време, речиси до шестиот месец од бременоста кога го најавив тоа. Можев да носам широка облека“, вели Хејли.

„Веројатно можев да го чувам тоа во тајност до крај, но ми беше стресно што не можам јавно да уживам во бременоста“, продолжи таа и додаде дека се чувствувала како да крие голема тајна.

„Сакав слободно да го живеам животот. Потсетуваме дека славниот пар се венчаше во 2018 година. На почетокот на јули објавија неколку заеднички фотографии на Инстаграм, кои најверојатно се направени на обновувањето на заветите, на кои се гледа нејзиниот труднички стомак.

Фото:Инстаграм