Добри чевли, добра инвестиција!

Добивај вести на Viber

Чевли во кои вреди да инвестирате!

Ниедна дама не останува рамнодушна на чевли, без разлика на висината на нивната потпетица, боја или модел. Никогаш не е доцна за уште еден пар чевли, и секогаш има место за уште еден модел на полицата. За некои луѓе, како чантите, па така и чевлите се нечија Ахилова пета. Oдговараат на секоја ваша модна комбинација, и досаднaтa гардероба одеднаш ja претвораат во модна инспирација.

Сите ние, знаеме да се наградиме себе си со добар поклон, без оглед на тоа колку ќе не чини. Ако навистина ви падна на ум, да се наградите себе си со еден пар добри чевли, тогаш ова се шесте типа на чевли во кои вреди да инвестирате. Можеби цената е малку висока, но сепак кога е квалитет во прашање, тогаш навистина вреди.

Папучи GUCCI JORDAAN

Вистински евергрин и класик во линијата на Gucci чевлите

Овој тип на чевли не само што ќе ви се совпадне со секоја модна комбинација, туку и ќе дадете еден елегантен тон на вашaтa гардероба без разлика дали станува збор за секојдневна или посвечена.

Достапни во повеќе бои и принтови

Цена: 695 $

Салонки CHANEL во два тона

Овие чевли најпрво се појавуваат на модниот пазар во 1957-та година, дизајнирани од Габриел Коко Шанел, но во 2015-та година креативниот Директор на модната куќа Шанел – Карл Лагерфелд, ги вметна во својата колекција за есен/зима 2015-та година, и веднаш станаа must have!

Она што е генијално кај овие чевли е тоа што nude бојата на овие чевли ја издолжува ногата, додека црниот шпиц ја скратува должината на стапалото.

Доколку сѐ уште не сте си набавиле еден пар, побрзајте бидејќи не се знае до кога точно овие чевли ќе бидат присутни на пазарот.

Цена: 800 $

Christian Louboutin Pigalle

Овие чевли всушност го добиваат своето име по еден артистички кварт во Париз - Quartier Pigalle, познат како домот на Мулен Руж. Овој модел на чевли, со црвен ѓон се всушност најпознатите чевли на овој дизајнер.

Остар шпиц, и тенка штикла 120мм штикла, овие чевли се познати по издолжувањето на нозете кај дамите. Топ моделот Кејт Мос има безброј пар чевли од овој бренд, и дури секогаш се појавува на црвениот ќилим во нив.

Достапни во различни бои и принтови, овие чевли се голем фаворит на сите дами ширум светот.

Цена: од 675 $

Chloé Susanna чизми

Лансирани во 2008-та година, Француската модна куќа Клое, создаде иконски модел на чевли.

Чизмички до глужд, со три каиши и цветен мотив, одлично го доловуваат rock and roll стилот, и веднаш станаа омилени чевли на дамите како Сиена Милер и Кејт Босфорт. За брзо време, тие беа распродадени секаде.

Осум години подоцна, нивната продажба сѐ уште оди доста добра, иако нивната цена достигнува до $1295 долари, во зависност од изборот на материјалот.

Balenciaga Ceinture boots

Доколку сте опседнати со street style- от, сигурно сте ги забележале чизмите на Balenciaga.

Дизајнирани од креативниот директор Nicolas Ghesquière за колекцијата пролет/лето 2011 година, овие чизмички набрзо станаа сами по себе модни икони кои потсетуваат на панк стилот.

Цена: $1275

Manolo Blahnik Hangisi

Сите се сеќаваме на сцената кога „Ѕверката“ ја побара Кери Бредшо за своја жена, па така наместо прстен, тој ги држеше нејзините омилени сини чевли од Маноло Бланик и го постави главното прашање.

Моделот Hangisi е сатенски чевел чија потпетица е 105 мм,инспириран од Наполеон I, Жозефина и Паулина Бонапарта. Препознатливата тока од Сваровски на предниот дел од чевелот, е воедно инспирирано од винтиџ парче накит, најдено во Италија.

Модната блогерка Оливија Палермо исто така носеше потпетици од Маноло Бланик за својата венчавка во 2014-та година.

Цена: $965


За Женски Магазин

Нина Беадер

Моден колумнист и lifestyle блогер

Инстаграм: @beadernina