Додека мајката блеска во жолт фустан со отвори на стомакот, ќерката плени со едноставност: Сузана Манчиќ со наследничката (ФОТО)
Смелото модно издание на Сузана веднаш го забележаа сите
Водителката Сузана Манчиќ со години гради блескава водителска кариера, а неодамна зборуваше за плановите да се пензионира и да ужива во деновите кои ѝ претстојат.
Иако е сигурно дека ќе заплови во пензионерските води, тоа секако за неа не значи ништо повеќе од повеќе време што ќе си го посвети на себе. Таа неодамна се појави на настан каде блесна покрај својата ќерка Теодора Куниќ и по тој повод предизвика лавина од воодушевување.
Сузана за оваа пригода избра многу смело издание, жолт фустан со отвори на стомакот, кој веднаш ги привлече сите погледи. Иако навлезе во 7-мата деценија од животот, ова парче облека одлично ѝ прилегаше.
До неа блескаше нејзината наследничка, облечена сосема неочекувано во многу едноставна комбинација на панталони, кошула и сако, а сето тоа беше „закопчано до грло“.
И додека мама „шета“ отворена, ќерката избра сосема спротивен стајлинг. Како и да е, и двете беа совршено стилизирани, а Сузана уште еднаш покажа дека годините се само бројка и дека е важно да се живее животот во потполност, наместо да се крие зад воспоставените и очекувани правила на однесување од страв да не биде судено од опкружувањето во кое живееме.
Извор: glossy.rs