ДОГОВОР СО САМИОТ СЕБЕ: Ништо немојте да сфаќајте лично

Добивај вести на Viber

Следните три договори всушност произлегуваат од првиот . Вториот договор гласи: Ниште не сфаќајте лично. Што и да се случи во вашата околина немојте тоа да го сфатите премногу лично. Ништо од она што другите луѓе го прават не е поради вас. Тие го прават тоа поради себе.

Сите луѓе живеат во сопствен сон, во сопствениот ум. Тие се наоѓаат во целосно поинаков свет од оној во кој ние живееме.

Кога нешто сфаќаме лично, создаваме претпоставка дека тие знаат како е во нашиот свет и се обидуваме да им го наметнеме истиот.

Што и да прават другите луѓе, чувствуваат, мислат или кажуваат - не го сфаќајте лично. Ако ви кажат дека сте прекрасни, тоа не го кажуваат заради вас. Вие знаете дека сте прекрасни. Не ви е потребно да им верувате на другите кои ви велат дека сте такви.

Кога навистина ги гледаме луѓето такви какви што се, а притоа не ги разбираме лично, никогаш нема да бидеме повредени од она што го прават или зборуваат. Дури и ако ве лажат, во ред е. Тие ве лажат затоа што се плашат. Тие се плашат дека ќе откриете колку се несовршени.

Кога навиката да ги разбирате работите лично стане длабоко искоренета од вас, ќе избегнете многу стресови во животот. Бесот, љубомората и зависта ќе исчезнат, па дури и тагата.

Кога ќе стекнете навика ништо да не сфаќате лично, нема да имате потреба да верувате во она што другите го прават или зборуваат. Ќе ви биде потребно да си верувате само самите на себе и одговорно да донесувате одлуки. Вие никогаш не сте одговорни за однесувањето на другите, исклучиво одговарате за своето.

Ако се држите до овој факт можете да патувате низ светот со потполно отворено срце и никој нема да ве повреди.

Ќе можете да кажете те сакам, без страв дека некој ќе ве исмее и отфрли. Ќе бидете способни да го барате она што го сакате. Можете да кажете да, или можете да кажете не - без притоа да се чувствувате виновни.

Можете секогаш да го правите она што ви е при срце.

-Дон Мигел Руис