Дојче Телеком е највредниот бренд во Европа

Добивај вести на Viber

Дојче Телеком за прв пат стана највредниот бренд во Европа.Во севкупното рангирање на студијата „Brand Finance Global 500“, објавена на 18 јануари, 2023,  експертите ја ставија Групацијата на силното единаесетто место во светот.Тоа значи искачување за шест места во однос на претходната година.Според истражувањето ДТ групацијата е на второто место меѓу глобалните телекомуникациски компании - зад Verizon и далеку пред AT&T и Orange.Телеком останува број еден телекомуникациски бренд во Европа, оставајќи ги конкурентите далеку зад себе.Највреден бренд во светот е Amazon, пред Apple, Google и Microsoft.

Успешното работење на Телеком се заснова на моменталната вредност на брендот, којашто е највисока во историјата на компанијата.Таа изнесува УСД 62,9 милијарди.Тоа значи дека вредноста се има зголемено за 5 проценти во однос на претходната година (60,2 милијарди долари), а растот повторно е на високо ниво.Од 2020 година, вредноста на брендот се зголемила за 58 проценти.

Телеком повторно постигнува резултати како еден од највредните светски брендови со нагорен тренд.Позитивниот развој на вредноста на брендот е доказ за успешноста на глобалната бренд стратегија на Телеком.Постигнатите резултати ги одразуваат силните економски и технолошки успеси во Европа и САД. Позитивниот раст на брендот е израз и на довербата којашто корисниците и јавноста ја имаат во Дојче Телеком.

Телеком на единаесетто место во светот

Британската консултантска компанија го припишува значителното зголемување на вредноста на брендот на Дојче Телеком на позитивниот економски и технолошки развој.Ова првенствено се должи на успешниот тек на бизнисот и високиот раст на бројот на корисници, особено во САД.Покрај тоа, Групацијата продолжува да постигнува резултати со постојани инвестиции во квалитетот на мрежата, дигиталните технологии и корисничките услуги.Исто така стратегијата за брендирање на меѓународно ниво му овозможува на Дојче Телеком дополнително да го зајакне својот бренд меѓу своите корисници.Покрај тоа, на глобално ниво, угледот и препораките на брендот продолжија да се зголемуваат.Според експертите, овие фактори и поврзаното високо ниво на задоволство на корисниците му даваат дополнителна сила на брендот.

Brand Finance Global 500

Brand Finance, чиешто седиште се наоѓа во Лондон, е водечка независна консултантска компанија за глобално вреднување и анализа на брендови.Институтот ги рангиранајвредните 500 брендови во светот според вредноста на нивниот бренд, којашто е изразена во американски долари.Покрај вредноста на брендот, на секој од овие 500 брендови му се доделува и оцена за брендот.Следејќи го моделот на кредитните рејтинзи, оваа вредност претставува репер за силните страни, ризиците и потенцијалот на брендот во споредба со оние на неговите конкуренти.За повеќе информации за студијата „Brand Finance Global 500“, посетете ја www.brandfinance.com.

Постојат и други студии коишто го потврдуваат позитивниот тренд на брендот на Дојче Телеком.На пример, студијата „Global Top 100 Brand Corporations“ на Европскиот институт за брендови го рангира Дојче Телеком како највреден германски бренд.Според оваа студија, Групацијата е рангирана пред Volkswagen, SAP, Mercedes-Benz и BMW во глобалната споредба на германските брендови.Освен тоа, студијата „Top100 Most Valuable Global Brands“, спроведена од BrandZ, го рангира Дојче Телеком како втор највреден германски бренд, веднаш зад SAP.


ПР објава