Дојди ако смееш, ќе те чекам: Северина јавно ѝ испрати порака на Ведрана Рудан
Откако Врховниот суд во Хрватска ја укина пресудата на Жупанискиот суд во Сплит и на Северина и го одзеде заедничкото старателство над синот што го доби со Милан Поповиќ, бројни познати личности и дадоа поддршка на пејачката. Една од нив беше писателката Ведрана Рудан, која со текст со наслов „Северина не е наше девојче“, во кој зборува за главната тема во регионот, саркастично ја претставува ситуацијата.
Северина го сподели текстот на Ведрана Рудан на Инстаграм и ја покани да се видат.
„Радост моја, Ведрана Рудан, ќе ти дојдам во сабота во твојата Риека... Дојди кај мене, додуша, нема да бидам сама (Салата за млади ќе биде полна со радост), но ајде барем да пиеме кафе. Ако ти е дозволено можеш да се дружиш со мене. Ќе те чекам“, напиша пејачката и додаде:
„П.С. Ќе ми требаш. П.П.С Те обожавам до крајот на мојот живот".
Да потсетиме, Ведрана Рудан и испрати отворено писмо на Северина кога медиумите ја објавија веста дека по вторпат и е одземено старателството.
„Северина повторно остана без своето дете, хрватските институции само си ја вршат работата, но ова веќе не е новост. Се очекуваше. Која е Северина во хрватски контекст? Таа е жена која се однесува како маж од моментот кога зачекори на сцената. Сака слава, пари, сакала и имала вонбрачно дете. Зошто жените не нарачуваат с*** по пошта? Таа ги провоцира институциите на системот, не ги почитува наставниците, воспитувачките во градинка или жените во работните центри. Да не зборуваме ни за пречесните судии. Ех, кога таа би терала само напред зад заклучени врати, додека на мажот му подготвува ручек, а во мислите се подготвува за попладневно пеглање и можно е*ење доцна навечер, кога ќе ја среди куќата и тој ќе го изгаси телевизорот...Но, не! Таа сака да биде јавна женска и така да ги наведе по природа невините Хрватки да се тргнат од децата, црквата и кујната. Опа!“, стои во објавата на Рудан.
По одлуката на судот да и го одземе старателството,
Северина го одржа нејзиниот првиот настап во Јахорина, каде плачеше пред
публиката додека ја пееше песната „Роѓено мое“, и покажа средн прст. Ова не
беше крај на голготата за Северина, таа набрзо мораше повторно да се појави на
суд за две кривични дела.
Фото: Принтскрин/Јутјуб
Извор:Mondo.rs