Докторка до своите деца: Ако ме изгубат, кажете им мама се трудеше да ја заврши својата работа

Коронела Григс, педијатар од Њујорк, на својот профил на Твитер сподели фотографија на која позира со заштитна медицинска опрема. Нејзината објава во краток рок почна да се шири на Интернет.

- Моите деца се премали за сега да го прочитаат ова. Едвај би ме препознале во оваа опрема, но ако ме изгубат поради коронавирусот, сакам да знаат дека мама навистина се трудела да ја врши својата работа- напиша таа на фотографијата.

Својот твит го заврши со хаштагот #GetMePPE кој посочува на недостаток на опрема, проблем со кој се соочуваат здравствените работници. 

Григс претходно ја просветли ситуацијата за болниците во Њујорк, кога за !Њујорк Тајмс“ објави дека станува збор за криза и за здравствените работници и загрозените пациенти.