Докторот ми рече дека нема лек за мене: Маја Оџаклиевска помина пекол - Плачев од болки, не можев да се качам по скали

Честите патувања и настапи, нередовниот сон и нередовната исхрана, како и конзумирањето цигари си го направија своето, па пејачката Маја Оџаклијевска во еден момент беше принудена да сврти нов лист и целосно да го промени начинот на живот.

-Не би сакал оваа моја приказна да биде погрешно сфатена бидејќи сум свесна дека има луѓе кои имаат многу поголеми здравствени проблеми од мене. Во мојот случај тоа беше слаба циркулација и маснотии во крвните садови. Кога докторот ми рече дека ако не престанам со некои лоши навики, нема да има лек за мене, ми се напрвија сериозни компликации, многу се исплашив. Тогаш преку ноќ се откажав од цигарите иако пред тоа пушев по три кутии дневно, изјавила пејачката.


 На Маја во процесот на закрепнување многу и помогнал, како што вели, човек од Сараево, кој контактирал неа кога слушнал со каков поблем се соочува.

-Тој се занимава со производство на мед  и билки. Цели две години ги земав неговите производи и се случи чудо. Почнав да заздравувам. Можете ли да замислите колку ми олесна, а мојата крвна слика е како да живеам на планина. Порано не можев да се искачам на вториот кат, сега можам  да играм фудбал, откри Маја, која  воедно имала и проблеми со грбот.

-Поради природата на работата што ја работев и огромните куфери што ги носев, пршлените ми беа, фигуративно кажано, 'рѓосани. Отидов кај спеијалист тој почна да ми ја „крши“ кичмата на сите можни страни плачев од болка, дури му реков дека нема да добие ниту еден динар од мене, затоа што не сакам да платам некој што ме малтретира.Тој низ смеа ми одговори дека не треба да платам ако не се чувствувам подобро после третманот.Три ноќи од болка не можев да спијам. Едно утро се разбудив, станав и сфатив дека ништо повеќе не боли. Бев зачудена, збунета, но пред се среќна. Отидов кај него и од се срце му се заблагодарив, изјави тогаш Маја.

Иаку Оџаклијевска последниве години се повлече од јавноста, ретко се појавува во медиумите, а е посветена и на својот внук Лука, кој има аутизам.


Фото:ATA Images/Antonio Ahel/Youtube/Printscreen/ Iz Profila Tv Grand