Долга руса коса, и без нејзиниот заштитен знак: Како изгледаше Констракта пред 20 години? (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ана Ѓуриќ Констракта оваа година ја претставуваше соседна Србија на Евровизија, а сите очи оттогаш вперени во неа и таа не престанува да привлекува внимание каде и да се појави.

Констрaкта го освои петтото место со песната „In corpore sano“, а нејзината необична песна ги освои симпатиите ширум светот.

Цел свет се сеќава на нејзиниот карактеристичен настап и уметницата во бел комбинезон со препознатлива фризура и црвен кармин.


Нејзината црна коса со прави шишки е толку впечатлива за сите нас што не можеме да ја замислиме на друг начин.

А сепак, во нејзината 20-годишна кариера имаше многу пресврти, трагајќи по стилски и модни трансформации.

Ана Ѓуриќ Констракта од 2019-та година ја започна својата соло кариера, а претходно беше во групата „Zemlji Groove“ во 2007-ма година, каде остави препознатлив музички белег.

Сепак, првите пеачки „чекори“ ги направи во групата „MistakeMistake“.


Фотографија токму од тој период предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Извор: glossy.rs