„Долго се бореше со рак на дојка и јајници: Анџелина Џоли ѝ посвети емотивна порака на мајка си која ја изгуби битката со канцерот

Анџелина Џоли вчера објави порака на Инстаграм посветена на нејзината мајка Маршелин Бертранд, која почина во 2007 година од рак. Веста дојде ден пред роденденот на познатата актерка. Пораката беше придружена со заедничка фотографија на мајка и ќерка, направена кога Анџелина била мало девојче.

„Утре ќе и беше 73-от роденден на мајка ми. Почина пред 15 години, по долга борба со ракот на дојката и јајниците. Во јули ме дели еден месец од годината кога ѝ беше дијагностициран рак. Имав превентивни операции за намалување ризикот, но сепак одам на прегледи.


Мајка ми го сакаше Хендрикс. И таа секогаш ги потпишуваше своите писма со „Kiss the Sky“. Откако таа почина, тоа доби ново значење. Испраќам љубов до оние кои исто така изгубија блиски и сила до оние кои во моментов се борат за своите животи и животите на оние што ги сакаат“, напиша актерката.

Маршелин Бертранд ја има ќерката Анџелина од бракот со актерот Џон Војт, во тој брак, кој траеше од 1971 до 1980 година, тие го добија и синот Џејмс Хевен. Актерката тогаш беше во брак со Том Бесамра.

Анџелина Џоли беше подложена на двојна масектомија во 2013 година поради ризик од рак.

Foto:Profimedia

„Кога дознав дека тоа е мојата реалност, решив да направам нешто и да го намалам ризикот колку што можам со отстранување на двете дојки како превентивна мерка. Почнав со градите бидејќи ризикот за тој тип на рак е поголем од ризикот од рак на јајниците и операцијата е посложена, на 27 април го завршив тримесечниот медицински процес што го предвидува мастектомијата. Успеав се да чувам во тајност и да продолжам со мојата работа“, изјави актерката која беше оперирана и ги отстрани јајниците во 2015 година.

„Лекарите ми предложија да се подложам на превентивна операција десет години пред да се појави рак кај моите женски органи. На мајка ми и беше дијагностициран рак кога имаше 49 години. Јас имам 39“, изјави таа за Њујорк Тајмс.


ФОТО: Инстаграм